На проблемот со Бугарија се работи и наскоро очекувам да ја посетам Софија, пред Берлинскиот процес, каде јас и бугарскиот премиер Бојко Борисов сме домаќини во име на Северна Македонија и Бугарија, истакна денеска претседателот на Владата, Зоран Заев.

Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и веруваам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи – истакна Заев кој заедно со заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски извршија увид на изведувањето градежни активности во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик.

Премиерот пред новинарите рече дека кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.