Вчера Зоран Заев во интервју за „Трилинг“ истакна дека можно е фракцијата на Бранко Црвенковски да победи на конгресот на СДСМ.

Како би кажал дали очекувам или не, не знам можно, можно е. Прво имаме процес првпат. Било која партија не се ни осмелува да тргне на таков конгрес, ние тргнуваме првпат и тоа во непосредни избори на претседателот на партијата. Социјалдемократите својот претседател ќе го бираат сите, секој што сака да оди да гласа. Прво, треба само да се регистрираат дека ќе гласа и од да гласа на тој датум. СДСМ на 21 март, на денот на пролетта ќе има непосредно гласање внатре во својата партија – рече Заев.

Заев додаде дека секој може да биде кандидат, секој може да биде кандидат за претседател, што ги исполнува условите на правилникот и статутот. Тоа значи 70% од членството на СДСМ може да биде претседател на истата партија.

Нормално дека може и поранешниот претседател на СДСМ кој што бил и поранешен претседател на државата да биде кандидат – кажа Заев