Премиерот Зоран Заев преку објава на Фејсбук му одоговори на неговиот бугарски колега Бојко Борисов дека Македонија треба уште да зрее.
Ви ја пренесувае во целост објавата на Заев.
Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат.
Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.
За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно-пишува Заев.
Comments are closed for this post.