Лидерот на грчката опозизија и речиси сигурно иден премиер, Кирјакос Мицотакис оценува дека признавањето на македонски јазик и македонска националност претставува национална отстапка што досега ниедна грчка влада не ја направила.
Според него, Ципрас рекол „да“ онаму каде што неговите претходници рекоа гласно „не“ и дека предупредувале на штетноста на Договорот од Преспа.
-Рековме дека признавањето на македонски етницитет е национална отстапка која што ниедна влада не ја направи.Ципрас рече „да“, онаму каде што Константим Мицотакис кажа „не“, каде тоа го кажаа и Караманлис и Самара-вели Мицотакис.
Според него, Ципрас му овозможил на Заев да покаже со прст кон Грција.
-Може да ни каже-која Северна Македонија. Ние сме “Македонци“ и зборуваме „Македонски“ а утре ќе бараме овој македонски јазик да се учи во нашата татковина-додава лидерот на Нова Демократија.
Мицотакис е дециден дека Договорот од Преспа е штетен и оти ќе се труди тој да не биде усвоен од Парламентот бидејќи ги подрива грчките интереси.
Comments are closed for this post.