Премиерот Заев со оптимизам заминува за Берлин на средба со канцеларката Меркел. Тој истакна дека од таа средба се очекуваат појасни деталји за утврдување на датумот за отворање на поглавјата.

Канцеларката Меркел е голем пријател на Северна Македонија. Со силата на нашите аргументи ќе ги соопштиме очекувањата коишто доаѓаат од ветувањето „Испорачајте, ќе испорачаме“. Извештајот на Европската Комисија е блескав и препораката овој пат е безусловна и очекуваме верификација со датум за отворање на поглавјата од Европскиот Совет, од Советот на министри и од земјите членки на ЕУ“, истакна премиерот Заев за „Телевизија 24“.