Ветингот во полицијата и другите институции на системот е повеќе од потребен, изјави во гостување на тв емисија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и додаде дека неколку месеци се работи на концепт за тоа како треба да се спроведе во полицијата и во брзо време тоа ќе биде ставено пред Собранието.

Спасовски посочи дека за две години на власт направени се низа на реформски процеси кои се однесуваат на МВР и тоа се потвдрува во Извештајот на ЕК и дека очекува во многу брзо време, веќе во следниот месец тоа да биде ставено пред Собранието.

Прашан како ќе се следи и оценува работата на полицијата и сите учесници во системот, Спасвоски рече дека концептот ќе се заснова на три столба.

„Тоа е еден концепт што ќе се заснова на три столба. Прво, вработувањето и кариерата на секој полициски службеник. Второ, имотната состојба и трето интегритетот и професионалноста во извршувањето на работните задачи. Тоа се трите столба што ќе бидат разработени, за кои што ќе мора секој од полициските службеници да достави изјава, истакна Спасовски.