Конференцијата ЕУ-Западен Балкан која ќе се одржи неделава во Познан, Полска, премиерот Зоран Заев ќе ја искористи за средба со францускиот премиер Едуард Филип.

Како што објави Канал 5, на состанокот во фокусот ќе биде отворањето на пристапните преговори со ЕУ, и е на барање на францускиот премиер.

Според телевизијата, на средбата Заев ќе се обиде  да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.

Францускиот претседател Емануел Макрон од Брисел порача дека ќе биде бескомпромисен кон каков било вид на роширување на ЕУ пред да се случи длабока реформа на институционалното функционирање на Унијата.