Премиерот Зоран Заев во своето сведочење пред судот во случајот против Александар Николовски кого го тужи за клевета откри неколку нови работи.
Да почнеме по ред.
Конечно Заев призна дека имал средби со Бојан Јовановски како работни состаноци но и како сопственик на телевизијата 1ТВ во која често гостуваше и која отворено беше провладина.
Но она што го излажа е дека не знаел дека неговите најблиски соработници како Шекеринска, Филипче,Кирацовски, Ременски и Богоев оделе кај Јовановски дома.
Сите тие имале средби ама според Заев тој не знаел. Згора на тоа денеска разбравме дека посетите на домот на Боки 13 на оние снимки кои ги видовме всушност биле дел од активностите „врата до врата на СДСМ. Според Заев тие имале редовни активности за посети на гласачи и симпатизери на СДСМ од врата на врата и така одејќи од врата на врата и Шекеринска и Кирацоски ,Богоев и Филипче дошле на вратата на Бојан Јовановски и тој бил доволно гостопримлив да ги покани дома-објасни Николоски.
Заев денеска објасни и дека не биле рекетирани бизнисмени од врвот на СДСМ туку нив им биле промовирани инвестиции.
Целокупниот врв на СДСМ бил во акција на стимулирање на инвестиции како што кажа Заев, односно сите тие оделе кај овие бизнисмени да стимулираат инвестиции. Логичното прашање е како во корист само на еден човек оделе да стиулираат инвестиции и зашто некој обичен човек од улица не го собрале и да го носат кај најмоќните бизнисмени и да стимулираат инвестиции-додаде Николоски.
Покрај тоа Заев потврди дека нема записник од т.н пријава на случајот „Рекет“.
Со тоа се потврди дека тој не го пријавил случајот што доколку се случило тоа мора да се изготви записник и треба да е потишан од надлежен Јавен обвинител и од пријавителот и истиот треба да се даде на пријавителот. Заев со ова потврди дека не го пријави случајот.
Comments are closed for this post.