Одлуките на политичарите кај сите соседи, така и во соседна пријателска Република Грција се одлуки на политичарите, а потоа следуваат одлуки и на граѓаните. Ние одлуките ќе ги почитуваме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за најавите на грчкиот премиер Алексис Ципрас за предвремени парламентарни избори и како тоа ќе влијае врз Договорот од Преспа.

Јас го сакам и го почитувам мојот другар Алексис Ципрас. Изградивме лично пријателство. Дури и повикав граѓаните да градат такво пријателство, како јас што сум изградил со премиерот Ципрас. И ние веројатно ќе останеме пријатели и другари до крајот на животот без разлика дали тој ќе биде премиер или јас ќе бидам премиер. Јас знам дека Договорот носи само бенефит. Договорот е ратификуван во двата парламента, јас знам дека нема политичар кој тргнува против интересите на граѓаните што носат договорите.Така иднината на овој Договор е загарантирана и ќе биде позитивна, објасни Заев.

Секако, како што рече, граѓаните одлучуваат кога нас не носат на власт, а кога не менуваат од власт и како ги поставуваат своите постулати во своите земји.