Листата на советници во канцеларијата на премиерот Зоран Заев се зголеми од 23 на 29 со последното ажурирање што го направи Владата и сега таму има седум нови лица кои добиваат плата од 55.268 денари, а во меѓувреме еден советник го нема на списокот во однос на оној првобитниот, анализира Фактор.мк

Поранешниот министер без ресор Аксел Ахмедовски сега е советник за решавање на правни прашања и постапки, Зоран Ѓорѓиев, доскорешниот генерален директор на „Македонски шуми“, е советник за шумарство, водостопанство и спроведување на реформи во шумарството и водостопанството, додека Зоран Атанасов, кој до пред извесно време беше директор на Агенцијата за храна и ветеринарство дава совети кај премиерот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Водителката Елена Митева сега е советник за организација на медиумски активности. Сите за своите совети месечно ќе бидат платени по 55.268 денари.

Додадени се активистката Силвија Митевска, како советник за спорт, екс-директорот на акционерското друштво за аеродормски услуги Виктор Петрушевски сега е советник за локална самоуправа, екс-министерот за дијаспора Едмонд Адеми е советник за надворешни работи. Исто и тие ќе ја добиваат истата сума. На листата повеќе ја нема Тања Чачарова Илиевска, која на Заев му беше советник за правда.

Нови три имиња има и на листата на надворешни соработници во канцеларијата на Заев. Спасе Додевски за 46.000 денари е надворешен соработник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита. Драган Василевски за 40.000 денари е надворешен соработник за одбрана, а за истата сума Дејан Николовски е за инвестиции помеѓу општините и Владата.

Целиот текст овде.