Премиерот Зоран Заев, пред малку се јави преку својот фејсбук профил со честитки до пратениците и граѓаните.

„Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија.

Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас.“, напиша Заев.

Инаку утре на пладне се очекува тој да има обраќање во Владата.