Речиси три часа трае лидерската средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Неофицијалните информации кои доаѓаат од двете страни велат дека договор засега нема.

Власта и опозицијата различно гледаат на идниот статус на СЈО во новиот закон за јавно обвинителство. Власта бара сите истраги да продолжат онаму каде што застанале,  додека пак опозицијата смета дека тоа треба да важи за истрагите почнати до 30 јуни 2017 година.

Нема договор и за тоа дали Рускоска треба да биде на чело на новото обвинителство и за тоа дали обвинителите на СЈО треба да преминат во новото обвинителство или да се вратат онаму од каде што дошле.