ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение за јавноста чија тема е поскапувањата на електричната енергија и на парното, кои почнуваат со доаѓањето на новата година.

Почитувани граѓани,

 

Почитувани работници, земјоделци, стопанственици,

 

Почитувани професори, наставници, доктори и останати здравствени работници,

 

Почитувани невработени, луѓе кои едвај крај со крај врзуваат,

 

Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци,

 

Првиот ден од новата година се почна со одлука на владата на Димитар Ковачевски за 14,5 проценти поскапо парно, и над 15 проценти поскапа струја и укината евтина тарифа за струја.

 

Првиот ден од годината со честитка на Ковачевски до народот за поскапа струја и парно.

 

Секој изминат ден се повеќе сиромаштија. Важно радиодифузна такса не се плаќа – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.