Претседателот на Владата на Северна Македонија и поранешниот косовски премиер Рамуш харадинај блиско соработуваат.Тие имаат договор за контрола на работите во Северна Македонија и Косово, но и за создавање црни фондови кои треба да послужат за плаќање на политичари, пишува “Блиц” .

Како што преенесуваат српските медиуми, весникот повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека тие до сега не се среќавале само во улога на премиери туку на дел од состаноците биле и нивните браќа Вице Заев и даут Харадинај.

Уште додека беше Харадинај премиер договорено е создавање на црни фондови кои ќе служат за плаќање политичари од Брисел, но и Грција како на сите можни начини би се ублажиле пречките на Севрна Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Сето тоа е значајно и за Албанците кои ја држат дел од власта во Скопје, вели изворот за “Блиц”.

Kако што наведува Блиц, во еден момент македонските власти добиле подарок од два милиони евра наменети за грчки политичари, а чија цел е низ ЕУ да зборуваат дека немаат ништо против Македонија во ЕУ.

Диловите кои ги направија Харадинај и Заев не се поврзани само за бизнис туку и за војската во Македонија и Косово.  Договорено е финансирање на македонски старешини од албанска националност за да одат на Косово, а од друга страна офицери на војската на Косово да се школуваат на воената академија во Скопје, пишува Блиц