Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург.

За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

Од владината прес-служба најавуваат дека ќе информираат за сите активности од работната посета.

Во Луксембург требаше да отпатува и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, но тој во саботата на својот Фејбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин”. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!, напиша Димитров во објавата.