Зоран Заев и Али Амхети денеска имаа состанок на кој договориле предизборна коалиција за локалните избори.Заев вели дека меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг.

Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција-коментира Заев на Фејсбук.

Со ова дефинтивно се потврдува дека Заев го пушти низ вода другиот албански коалициски партнер Беса која бараше поддршка за нивниот кандидат за градоначалник на Тетово.