Нема политички договор со Груевски и очекувам Унгарија да го екстрадира, вели премиерот Зоран Заев. Според него до сега се поотврдиле владеењето на правото и независноста на правосудните органи.

Остро и категорично да ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со Никола Груевски. Вчера 10 мин пред да биде објавена веста дека Груевски е во Будимпешта дадов изјава и кажав дека имаше многу скептици дека нема да бидат политичари исправени пред суд, тоа се случи. Имаше многу скептици дека нема да има судски пресуди и тоа се случи, дека нема да има второстепени пресуди, дека жалби за одење во затвор ќе бидат политички договорени – не. Досега се потврди владеење на правото и независност на правосудните институции до максимум. Јас сум убеден дека времето ќе покаже дека Груевски ќе се врати назад и ќе ја отслужи својата казна и секако ќе биде исправен пред суд да и за други дела за кои е осомничен, рече Заев.

Премиерот го оквалификува Груевски како кукавица.

Каков кукавица е тој кој што цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор, тој, само да не бидат други таргет. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста избега како кукавица надвор од джрвата обидувајќи се да добие аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа за што е осуден. Казните мора да бидат одлежани, така да ние ќе направиме сè што е во наша надлежност да го испорачаме назад Груевски. Веќе се почнати некои постапки, изјави заев.

Според него постоеле информации за тоа дека некој ќе избега, но власта не можела да преземе дејствија за слободен човек. Се утрврдува дали граничната полиција направила пропусти и ако истрагата го покаже тоа, ќе биде јавно објавено.