Премиерот Зоран Заев денеска јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

Заев на лидерската средба ги повика претседателот на ВМРО/ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Како приоритетни теми на лидерската средба тој ги наведе Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и Пописот. Искрената и чесна посветеност на овие теми, како што рече, ќе ги заокружи реформите до есен.

Нема да дадеме никому аргумент да биде против, резервиран или слично, рече Заев.