Драго ми е што сметате дека можам да здружам и да сплотам, но нема да се кандидирам за претседател на државата, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали се гледа како иден прв човек.

Јас сум економист и сакам да се посветам на економијата. Важен процес е за Република Северна Македонија ова што претстои. Останувам да работам во извршната власт за да испорачаме резултати важни за нашите земји