Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Загреб ќе учествува на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива. Синоќа тој се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

На самитот ќе учествуваат и премиерите на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Унгарија Виктор Орбан, на Бугарија Бојко Борисов, на Албанија Еди Рама, на Романија Василица Дончила и на Словачка Петар Пелегрини. Најавени се и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабати.

Домаќинот на собирот Андреј Пленковиќ синоќа приреди вечера за учесниците, а за данеска се предвидени пленарна средба, бизнис форум и билатерални разговори.

Заев вчера имаше средба со Пленковиќ на која беше повторена хрватската поддршка за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Засега нема потврда дали Заев во Загреб ќе има средба и со неговиот унгарски колега Орбан на која би станало збор за случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој избега од Македонија и доби азил во Унгарија.