Дебатата не е само за собирање на политички поени и надмудрување помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, туку станува збор за дебата на која што ќе се разговара за суштински прашања кои задираат во идентитетот на државата и треба да му помогнат на народот да одлучи во каква Македонија сака да живее, соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Зоран Заев денеска на барањето на лидерот на опозицијата за соочување во ТВ дуел, изјави дека тоа ќе го прифати кога Мицкоски ќе изнесе став за референдумот.
„Заев наместо да бега од дебати и соочување со што сака да ја сокрие својата неспособност и штетност, треба да си даде оставка пред штетите што ќе и ги нанесе на државата да биде ненадоместливи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.