Постигнатиот договор со Грција за името, е најправична одлука, затоа што иднината и на Косово и на Македонија и на целиот реигон е ЕУ и НАТО. Косово ви дава целосна поддршка да се движите напред кон членството во НАТО и европската иднина.

Ова го нагласи на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, претседателот на Косово Хашим Тачи, кој се наоѓа во еднодневна посета на Република Македонија.

Тачи ги повика граѓаните на Република Македонија да учествуваат на референдумот и да гласаат „за“ затоа што, оцени, Македонија во НАТО значи мир во целиот регион, вклучувајќи го и Косово. За него, ова е историски момент што треба да се искористи.

Остваривме средба како лидери на две држави што немаат отворени прашања, нагласи премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција.