Законот за амнестија е донесен и со цел да успее процесот на уставните измени, согласно Договорот со Грција за промена на името на државата, рече премиерот Зран Заев во гостувањето на ТВ 24.

-Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија 24 одговарајќи на прашање за бегството на Никола Груевски рече дека еден од можните исходи од истрагата за бегството се странски разузнавачи.

-Дали работеле разузнавачи на други земји во нашата земја и што нашето контра-разузнавање за тоа? Ова е само како можност. Тврдам дека политичка умисла ниту кај Спасовски, ниту кај мене немало, рече Заев.