Премиерот Зоран Заев не чуствува одговорност за тоа што се најде во измамата на руските комичари кои лажно се претставуваа како Порошенко и Столтенбер и разговаараа со него.
Тој рече дека бил цел на измама, но оти е задоволен што се наоѓа во добро друштво бидејќи истите луѓе ги измамиле и Макрон, Ердоган, Елтон Џон и многу други.
Коментирајќи ја содржината на разговорите рече дека не чуствува дека одал државна тајна или, пак, дека тој лично или неговите советници погрешиле што не се посомневале дека се работи за измама.
Но, ако сум оддал државна тајна ќе понесам одговорност-рече Заев.
Во делот каде лажниот Порошенко му предлага да му даде пари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за да се реши статусот на МПЦ, Заев вели дека е изместен од контекст и оти се шегувал за стоте илјади евра кои се споменуваат во разговорот.
Доколку пак некоја земја или државник се нашле повредени од разговорите, Заев повтори дека е подготвен да се извини
Comments are closed for this post.