Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев го повтори ставот дека доколку на вториот круг од претседателските избори не биде постигнат потребниот ценсус или не победи кандидатот на власта Стево Пендаровски ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Застанавме зад независен претседателски кандидат кој очекуваме дека ќе го устоличиме во иден претседател на Република Северна Македонија. Јас верувам во тоа и тоа е моја желба, посветеност и очекување за иднината на државата. Секако, за тоа на крајот одлучуваат граѓаните и ако тие одлучат поинаку ќе проектираме термин за предвремени парламентарни избори – рече Заев.