Православните верници денеска го прославуваат Велигден, денот на христовото воскресение. Во сите храмови на македонската православна црква се служи литургија на кои присустуваат голем број верници.

Денеска именден празнуваат: Величко, Велика, Велјан, Воскресија, Анастас, Анастасија…

Денеска завршија и Велигденски или Велики пости кои што траат цели седум недели. Ова е ден посветен за семејството, кршење на велигденските јајца и традиционалниот ручек на кој обично се служи јагнешко месо.