Премиерот Заев објасни дека ќе чекаат летово дали ќе има датум за почеток на преговорите со ЕУ и потоа ќе одлучат за понатамошните чекори.

Ако имаме извесност дека ова лето, јуни или јули да го добиеме датумот продолжуваме со реконтрукцијата. Доколку има одложувања можни се сите варијанти како што е и враќање на мандат, предвремени избори, целосно нова влада, но и превземање на одговорност за недобивање датум.Оваа наша земја е сериозна и покажа сериозни одлуки кои тоа како ја дрмнаа Европа од позитивен аспект – нагласи премиерот.