Веќе нема дилеми дека опозицијата во Македонија се обединува. Она што се навестуваше и се остварува. Се започна со подадената рака меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива уште пред првиот круг a вчера дојде и поддршка од Левица.

Окрупнувањето на опозицијата е особено значајно бидејќи убедлива победа на локалните избори ќе значи и скорешен пад на владата на Заев која и онака се крепи на стаклени нозе. Беса е со една нога надвор од коалцијата со СДСМ , а тоа формално може да се случи по очигледниот пораз на Касами во Тетово.

СДСМ веќе и не крие дека во Тетово ќе ја поддржат Теута Арифи.Kaсами тоа сигурно нема да им го прости и ќе крене рака за пад на владата на Заев штом оваа прашање дојде во Собрание.

Ова окрупнување на опозицијата е директна заслуга на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој со својот лидерски капациет успеа да ја придобие поддршката од опозицијата.

Да, разликите кои ги имаат можеби ќе останат, но во моментов е најважно дека тие имаат заеднички политички непријател а тоа Зоран Заев кој мора да се порази.