Поради слаби врнежи од снег што од попладнево го зафатија Маврово и северозападниот дел од државата, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.

Како што информира јавното претпријатие „Македонија пат“, на останатите патишта низ државата, сообраќајот се одвива тековно по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките и осојничави места.