Најпогрешен и најлош начин да го третирате загадувањето е да се рече дека може на брз начин да се реши. Тоа е проблем акумулираан со децении како резултат на недобрите стратегии и недобри планирања на градот. Токму заради тоа не постои начин на кој можете одеднаш да го надминете овој проблем. Зазеленувањето е еден од начините за решавање на загадувањето, рече градоначланикот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој ги посочи и другите мерки што градот ги презема во таа насока како што се набавката на нови еколошки автобуси, иницијативата за еколошкото мапирање на возилата, бидејќи, вели, сообраќајот придонесува 22 проценти во загадувањето на воздухот, потоа формирањето на Градските енергетски системи за што при крај е легализацијата на топловодната мрежа, по што градот ќе го преземе управувањето. На овој начин се таргетира загадувањето од домовите кои учествуваат со 53 проценти ви вкупното загадување.
-Извршено е мапирање на градот каде ќе влеземе со топловодната мрежа, односно нејзино ширење со цел да се приклучат што е можно повеќе граѓани, а каде како примарно ќе се навлегува со гасоводот. Во моментов во ГЕС се проектираат неколку терцијални гасоводни мрежи на кои се надевам дека ќе успееме во текот на оваа сезона да започнеме со приклучување на објекти- рече Шилегов.
Comments are closed for this post.