Можност да се проба, да се помириса, да се почувствуваат бојата, аромата и вкусот на преку 300 различни вина произведени од триесетина винарии од Македонија и странство, нуди Скопски вински салон – Винодонија 2018, организиран од група вински ентузијасти, под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија.

Хотелот Мериот е домаќин на ова случување што има за цел да го приближи до граѓаните секој аспект на винската култура, да им овозможи не само да пробаат квалитетно вино, туку и да поразговараат за виното, за преданоста што производителите му го посветуваат, за тоа што е и како треба да се цени и вкуси квалитетното вино.

Винодониа како настан постои не само да им даде можност за презентација на големите, познати винарии, туку пред се да им овзможи на големиот број мали, семејни винарии да станат достапни за јавноста, да ги презентираат производите на нивната љубов кон виното.

Како што секој познавач на вино ќе каже, дегустацијата на квалитетно вино не е комплетна без во неа да се вклопи и по некое парче убаво сирење или кашкавал или зреано месо. Затоа, Винодониа овозможува, покрај бројните вина посетителите да го заокружат гурманскиот впечаток и со дегустација на различни домашни и увозни сирења, сувомесни производи, маслинови масла …