Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да се изберат пет потпретседатели на партијата и тоа Мила Царовска, актуелен министер за труд и социјална политика, Коста Петров, Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи, Мухамед Зекири, актуелен пратеник во Собранието, Дамјан Манчевски, актуелен министер за информатичко опшество и администрација. Ова вечерва го изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Пораката е, посочи премиерот, дека вреди да се заземете дома, а не надвор од Република Северна Македонија, а општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да даде придонес во севкупниот раст и развој, соовременување и модернизирање на општеството и нашата земја.

Млади работете, ангажирајте се, бидете видливи, борете се во оваа наша земја и високите позиции се достапни за сите граѓани, додаде Заев.