Откако Општина Сарај донесе одлука сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај да бидат  ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај” се поставува прашањето дали и другите општини каде што живеат поранешни борци ќе ги следат нивниот пример.

Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво