При судар на два автомобила, „Фолксваген голф“ и  „Киа карневал“, двата со тетвски регистрации, тешко се повредени три лица.

Возачот на Голфот бил 16-годишно момче од село Порој, како и неговата сопатничка, 74-годишната Ф.Р. од истото тетовско село, како и возачот на „Киата“, 45-годишниот М.М. од село Џепчиште.

По сообраќајката, Ф.Р. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додека момчето и М.М. биле префрлени во Клиничката болница во Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.