Во домот на 48-годишен жител на село Стојаково биле пронајдени 6,5 килограми марихуана.

При претресот што го извеле Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, ја откриле дрогата спакувана во 13 најлонски кеси, а биле запленети и поголем број мобилни телефони, кои се дадени на вештачење.

Како што информираат од МВР, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.