етмината осомничени кои се приведени денеска во новата истрага „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, меѓу кои и Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделевски.
Од СЈО нема официјална потврда дали меѓу останатите тројца се и бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Покрај, Јосифовиќ и Панделевски, СЈО денеска отвори истрага со кодно име „Империја“ и против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Тие се осомничени за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.
Comments are closed for this post.