Иако печатот на Преспанскиот договор уште не е исушен, Македонија веќе почнаа да ја нарекуваат со новото име.

Први нога повлекоа Израелците – на интернет страницата на Министерствотото за надворешни работи на Израел стои Северна Македонија. Нерезидентен амбасадор во Северна Македонија е Дан Орјан.

И, ако досега некаде не водеа под „Ф“, од грчката кратенка ФИРОМ, или во ОН под „Т“ од The Former…сега кај Израелците сме под „С“, објави грчка „Ефимерида“. Што ќе рече името на државата е Северна. Многу чудно, и веројатно тука ќе има простор за дипломатска акција и расчистување на ситуацијата.

Инаку, новото име веќе е прифатено во дипломатските кругови во Скопје, па некои амбасади имале испечатено од порано покани за приеми и коктели со новото име.