Прашањата поврзани со тековните реформи, тековните политички случувања, успехот во владеењето на правото, добивањето датум за преговори и случувањата во регионот беа дел од темите на кои разговарале претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и францускиот амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимоние.
Лидерот на ДУИ го уверил амбасадорот дека ќе ги продолжи своите напори за исполнување на барањата и критериумите, кои ќе го отворат патот на државата кон европската интеграција.
Двете страни, како што соопштуваат од ДУИ, се согласиле дека билатералните состаноци помагаат и придонесуваат за зајакнување на билатералните врски
Comments are closed for this post.