Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека сите информации кои тие ги имаат говорат дека во октомври Македонија нема да добие позитивна одлука.

Најдоброто што може да очекуваме е формирање на тим од претставници на пет европски институции кои ќе ги следат состојбите во областа на владеење на правото и борба против корупцијата во период од најмалку една, а најмногу две години по што ќе се даде оценка дали земјава е подготвена за почеток на преговорите“, тврди Николовски за Канал 5.