Членот на ИО на СДСМ, Рената Дескоска учествуваше во  интервју за емисијата “360 степени“ на ТВ Алсат.

Дескоска се осврна на концептот на безбедност на прислушуваните материјали во СЈО и истакна дека не е нарушена безбедноста на прислушуваните материјали во зградата на СЈО  и дополни дека Републичкиот јавен обвинител ја презеде надлежноста, и сега тој ја има формално грижата за тие материјали, во истиот сеф како што стоеле и досега .

-Јавното обвинителство кај нас е поставено хиерархиски. Согласно постојниот Закон за Јавното обвинителство, а тоа не беше сменето ниту во предлозите коишто ги пуштивме во Собрание, републичкиот јавен обвинител има право да делегира предмети на конкретни јавни обвинители. Тоа не е нешто што тој прват го прави, тоа се случувало и во минатото додека бил републички обвинител Зврлевски и во други случаи. Тие ги водат предметите по доделување на републичкиот обвинител – изјави  Дескоска.

Според Дескоска, не е спорно од правен аспект тоа што обвинителите се сместени во истата зграда на СЈО.

 -Колку што знам тоа е зграда која што е доделена на СЈО, во орган во рамките на ЈО. Тоа е зграда во којашто се сместени обвинителите, во која што се наоѓаат предметите формално, материјалите, така што од тој аспект не станува збор за правно прашање, дека е нешто спорно од правен аспект, туку од практичен аспект веројатно одлучил обвинителот на тој начин да продолжат работите и тоа е апсолутно ирелевантно – заклучи Дескоска.