Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин жестоко му одговори на претседателот Стево Пендаровски, на неговото противење на идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина. Имено, Пендаровски смета дека тоа би имало штетни последици на регионот и дека би се загорзил целиот напредок кој е остварен во последните 20 години.

-Пендаровски во Македонија малку кој го прашува за што било, а уште помалку е важно што тој мисли за прашањата поврзани со соседните држави. Како Србија ќе ги решава проблемите на Косово и Метохија, одлучува Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту пак ќе бара негово мислење, истакна Вулин.

Српскиот министер за одбрана осторо му порача на Пендаровски дека слободно може да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава.

-На останатите јазици може уште погласно да молчи, никој нему го бара, ниту пак го прифаќа неговото мислење, жестоко одговара Вулин.