Премиерот Зоран Заев на вчерашниот дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше прашан за неговите информации за давањето на пасоши на двата најпознати црногорски кланови Шкаљарски и Кавачки клан.

Заев вели дека дури и не знае кој е Јовица Вукотиќ кој самиот признал дека има македонски пасош и оти со него бил уапсен.

Каков му е пасошот на Јован Вуковиќ го праша Мицкоски Заев.

Не знам кој е тој. Ако знате кажете го-одговори Заев.

Мицкоски се обиде да го натера Заев да се сети:

Kавачки, Шкаљарски клан

Заев: Не се занимавам јас со такви кланови.

Мицкоски Тоа е лошо што вие не се занивамте додека тие се стекнуваат со македонски пасош.

Не се стекнуваат никој со македонски пасош, упорно повторуваше Заев:

Највлијателниот срспки весник „Политика“ уште на 12 септември 2018 пишува за сослушувањето на водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ во Обвинителството во Белград.Таму Вукотиќ призал дека има македонски пасош на име Георги Андонов но оти не го користел на територијата на Србија .

Македонскиот патен документ со кој бил уапсен во Турција Вукотиќ го користел од април до септември 2018 година во неколку различни земји.

Црногорските медиуми неодамна објавија дека е распишана потерница по Јовица Вукотиќ, . Потерницата ја издаде Центарот за безбедност во Црна Гора заради соменвање дека извршил тешки кривични дела, создвање на криминална организација и убиства. Не е познато дали во бегството го користел македонскиот пасош кој наводно кој наводно го платил од 15 до 25.000 и му бил доставен во Црна Гора.

 

Заев можеби ќе се сети кој е Вукотииќ откако ФБИ го смести црногорскиот криминал на листа на транснационални организирани криминални групи од посебен значај кои вршат кривични дела и предизвикуваат финаниска штета на САД.

Овој податок го има во официјалната интернет презентација на ФБИ која наведува дека Шкаљарскиот и Кавачкиот клан имаат политичка и финаниска поддршка на државата. Пипците на овие кланови допираат и до претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.