Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово во Скопје одржа прес конференција на која ги истакна добрите односи меѓу Македонија и Србија.Тој истакна дека ништо не бараат од нас како некои други соседи.
Ништо не бараме од македонските граѓани и од македонски народ. Ништо освен пријателство и братство не ни е потребно. За ништо друго не прашуваме, ништо друго не ни треба, ни територија, не треба ни да зборуваме дека јазикот е наш. Не е наш, ваш е.Ништо од тоа не ни треба. Нам ни е само важно да имаме најблиски и најдобри можни односи-рече Вучиќ.
Вучиќ е во Македонија заедно со премиерот Еди Рама во рамки на иницијативата „Мини шенген“.
Comments are closed for this post.