Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави моќна порака на својот Инстаграм профил, откако вчера ги посети работите на изградбата на Моравскиот коридор.

– Работи на изградба на автопатска делница во рамките на Моравскиот коридор, автопат Појате-Прељина, должина 112,37 километри, сектор 1 Појате-Крушевац 27,83 километри, сектор 2 Крушевац-Адрани 53,88 километри, сектор 3 Адрани-Прељина 30 километри. Горд сум на тоа колку Србија се промени – истакна Вучиќ.