Му се укинува куќниот притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој му беше одреден за случајот „Империја“, информираат од Врховниот суд за нивната одлука.
Но и покрај оваа одлука, Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор.
Според образложението на највисокиот суд, решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на општата седница на овој суд одржана на 30 јануари 2019 година, бидејќи мерката куќен притвор кон обвинетиот Сашо Мијалков е определена по барање на СЈО кое не е овластен тужител во оваа постапка.
Comments are closed for this post.