Денешниот ден ќе биде значајно потопол во однос на претходните денови. Максималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност помеѓу 21 и 28 степени. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во сабота се очекуваат врнежи. Рано претпладне ќе се развива облачност која ќе донесе врнежи во поголем дел од земјава. Попладне врнежите ќе се интензивираат, со услови локално да имаат краткотраен пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер.

Дневната температурата во сабота ќе има вредност помеѓу 21 и 24 степени целзиусови.

Во недела не се очекуваат врнежи, но во најголем дел од денот ќе биде променливо облачно.

Слично време ќе има и во понеделник, но, во мал дел од земјава во понеделник приквечер ќе има услови за слаб локален дожд.

Од вторник условите за дожд ќе бидат поголеми. Се очекува и пад на температурата, максималната ќе има вредности помеѓу 15 и 20 степен целзиусов.