Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица“ од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на велигденските празници. Во моментот за излез од земјава се чека од 15 до 25 минути, велат од дежурната служба на граничната полиција.

„Во моментот има гужва од возила и автобуси, особено на излез од земјата каде концентрацијата на сообраќајот е поголема, а задржувањето на патниците поради обавување на задолжителните полициски и царински процедури не е подолго од 25 минути“, велат од дежурната гранична служба.

Сите расположливи капацитети на граничниот премин се ставени во функција, а времето на чекање, велат граничните службеници, зависи од моментниот налет на сообраќајни бранови

И од Авто мото сојузот на Макеоднија ги известуваат граѓаните дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Оттаму велат дека на граничните премини задржувањата за влез и излез од државата се во интервал од 30 до 45 минути.