Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат минус 5 степени во Крива Паланка, минус 4 во Ресен и Битола, минус 3 во Прилеп и Тетово, минус 2 во Скопје, Струмица и Кочани, минус 1 во Демир Капија и Штип, додека нула степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува минус 4 степени во Крива Паланка, минус 3 во Битола, минус 2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а минус 1 во Скопје и Прилеп, посочуваат од МЗШВ.
Comments are closed for this post.