Возач на градски автобус број 24, синоќа пред полноќ, пронашол мртов човек на последната постојка на автобуската линија.

Тој го забележел починатиот 52-годишен Н.К. како лежи во тоалетот на постојката на улица „Христо Татарчев“ во општина Кисела Вода.

Возачот повикал екипа на Итната медицинска помош, но тие само ја констатирале смртта.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.