Железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија е во прекин откако синоќа  товарен воз удрил во карпа и излетал од пругата недалеку од станицата „Рајко Жинзифов“ кај Велес.

Во несреќата се повредени машиновозачот и уште едно лице коешто било во локомотивата. Возот удрил во карпа што се одронила од брегот и застанала на пругите. Од ударот, локомотивата излетала од шините и удрила во метален столб.

Машиновозачот и неговиот помошник се здобиле со повреди и веднаш биле префрлени во велешката болница.